Влегувајќи во Центарот за здравје и нега на кожа Стратум, влегувате во волшебен свет на природни мириси, тивка музика, посветеност на убавината и нежен допир на природата.
Заборавете на градската гужва, обврските и стресот.
Ние ќе ви овозможиме одмор за душата и телото со ексклузивни и холистички спа-третмани на лицето и телото со автентичен потпис на органската козметика на Dr. Hauschka.
Во него ќе ви обезбедиме многу повеќе од задоволство.
Единствениот сертифициран салон за третманите на Dr. Hauschka кај нас, лоциран во центарот на Скопје е вистинската адреса за сите вас за кои убавината и негата ги надминуваат границите на секојдневните рутини. Уживајте во нашиот маникир, педикир, депилација, релаксирачки и медицински масажи.
Препуштете се на неограничените мириси и текстури и изненадете се со моќни резултати.
Стратум.
Доброто чувство ќе го понесете со вас.
Ве очекуваме во единствениот сертифициран салон за третманите на Dr. Hauschka во Скопје. Уживајте и во нашиот маникир, педикир, депилација и масажи.
Специфичноста на Dr. Hauschka органската козметиката е основа на Dr. Hauschka третманите. Со холистички пристап, почитувајќи го ритамот на природата кој носи живот, ќе ви овозможиме стимулуси кои поттикнуваат регенерација на кожата и благосостојба на целиот организам.
Сертифицираниот Др. Хаушка козметичар познавајќи ги производите и рецептурите на препаратите и разбирајќи ја суштината на нивното функционирање е тука за да ви избере совршен спој на производи кои ќе бидат соодветни и во склад со мометалната состојба и потребите на вашата кожа. Релаксирачкиот Dr. Hauschka третман е чисто задоволство кое го заслужувате. По овој третман ќе бидете ослободени од стресот од глава до петици и опуштени ќе можете да одговорите на дневните предизвици.
(траење 2 часа)
Третманот започнува со мирисна купка за стопала, масажа на стапала и потколеници, како и пријатно раздвижување на мускулите на вратот и грбот за опуштање. Третманот на лице, кој следи по нежната масажа на дланките и прстите, започнува со чистење на лицето за ревитализација на кожата, а продолжува со лимфна стимулација со која се поттикнува проток на лимфа низ целото тело. На исчистено лице се нанесува богата маска со екстракти од лековити билки и билни масла, а истовремено се масираат вратот и деколтето. На крај се нанесува соодветна дневна нега.
(траење 90 минути)
Се препорачува за ревитализација на уморна кожа, а посебно се препорачува за прилагодување на кожата на различни промени (годишно време, патувања, стрес и слично). Третманот опфаќа купка за стапала, блага масажа на стапала и подколеници, извлекување на косата со опуштање на мускулите на вратот и рамената, масажа на раце, чистење на лице, врат и деколте. Следи тонизирање, омекнување на кожата на лицето, длабинско чистење на лицето со маска, лимфна стимулација, интензивна нега со специјална ампула, втора маска соодветна на типот на кожа, масажа на деколте и дневна нега.
(траење 60-90 минути)
Овој третман не вклучува длабинско и механичко чистење на лицето, акцентот на третманот е опуштање и релаксација. Започнува со релаксирачка ароматична купка за стапала. Третманот на лице, по нежната масажа на дланки и прсти, продолжува со ревитализирачко чистење, а потоа лимфна стимулација со која се поттикнува протокот на лимфата во телото. На исчистено лице се нанесува богата маска со екстракти од лековити билки и билни масла, а истовремено се масира деколтето, по што на лицето се нанесува соодветна дневна нега.
(траење 60 минути)
Третманот опфаќа опуштање на глава и врат, чистење на лице, врат и деколте, тонизирање, омекнување на кожата на лицето со парна бања, механичко чистење на промените кои се "спремни" да бидат исчистени, длабинско прочистување со маска од глина, интензивна нега со специјална ампула и финиширање со соодветна дневна нега. Во текот на третманот се прави и масажа на деколтето.
(траење 60 минути)
Третманот опфаќа опуштање на глава и врат, чистење на лице, врат и деколте, тонизирање, омекнување на кожата на лицето со парна бања, механичко чистење на промените кои се "спремни" да бидат исчистени, длабинско прочистување со маска од глина, интензивна нега со специјална ампула и финиширање со соодветна дневна нега. Се препорачува третманот да се повторува секои 15 дена, се до воспоставување на рамнотежа на кожата (состојба на нормална кожа).
Лимфната стимулација е посебен вид на стимулација која го таргетира лимфниот тек во телото. Со соодветен притисок и ритмични движења се стимулира лимфниот проток, насочувајќи ги движењата кон срцето за дренажа на течности и отрови. Со лимфната стимулација се подобрува тонусот на кожата опуштена поради губење на колагенот, а исто така и е одлична помош во справување со вишокот на масни наслаги бидејќи со исфрлањето на вишокот на течности од ткивата се овозможува и подобра циркулација и оксигенација на ткивата.
Процедурите на лице во Стратум се специјално дизајнирани за млада, здрава, сјајна и обновена кожа, блескав тен и совршена текстура. Наменети се за различни типови на кожа од масна и акнеична кожа, кожа со флеки, дамки и брчки, но и за лифтинг ефект,
ефект против стареење на кожата, поттикнување на работата на лимфните жлезди, и забрзување на исфрлањето на токсините и вишокот течности од лицето. Третманите се влог за здрава, негувана и ревитализирана кожа.
Микродермоабразијата e неинвазивен метод кој нежно го отстранува површниот слој на кожата заедно со површните дефекти и знаците на страеење. Успешно ги отстранува старечките дамки и флеки, како и лузните после акни, ги измазнува проширените пори во лицевата регија.
Ефектот е млада, сјајна и обновена кожа, блескав тен и совршена текстура.
Стратум Третманот за лице вклучува нежно чистење на површинскиот слој на кожата со Микродермоабразија и Ултразвучна шпатула за лице, како и Ултразвук за стимулација на колаген, по што се нанесуваат богати креми и серуми кои заедно со лифтинг масажата овозможуваат резултатите да бидат видливи по првиот третман.
Третманот е влог за здрава, негувана и ревитализирана кожа.
Ултразвучната шпатула е неинвазивен метод за чистење на површниот слој на кожата, заедно со површниот себум, помага за чистење на митесери,овозможува изедначување на тенот. Идеален третман за мастна и акнеична кожа.
Резултатот е кожа која блеска и има здрав изглед, без црвенила и болка.
Неинвазивен третман кој дава волумен, ја затега, измазнува и подига кожата со брчки. Ултразвукот е идеален уред за длабинско внесување на активни креми и состојки во длабоките слоеви на кожата, како и стимулирање на колагенот во длабоките слоеви на кожата.
Третманот е богат со хранливи и креми и серуми против стареење. Масажата на лице помага за намалување на брчките, затегање на кожата и формирање правилни црти на лицето, ја поттикнува работата на лимфните жлезди, со што се забрзува исфрлањето на токсините и вишокот течности од лицето.
Дермаролерот изработен од титаниумски иглички прави механична стимулација на кожното ткиво, при што го поттикнува да создрава нови количества на колаген и еластин.
На овој начин се подобрува квалитетот на кожата, дава ефект на ревитализација, измазнување, пополнување, затегнување, се користи за третирање на пигментација и во третман на акни.
Хемискиот Пилинг се работи со природни киселини кои ги отстрануваат мртвите клетки на површниот слој на кожата и откриваат свеж, нов слој на кожа.
Го спречуваат затварањето на порите и го забрзуваат обновувањето на кожата. Помагаат во хидратацијата и ја подобруваат текстурата на кожата, го поттикнуваат создавањето на колаген со што кожата станува сјајна и свежа.
Изненадете драга личност, пријател, деловен партнер или член од семејството. Подарете незаборавно искуство, подарете еден од нашите вредносни ваучери.
Закажете го вашиот третман уште денес и уживајте во допирот на природата.
Препуштете се на неограничените мириси и текстури и изненадете се со моќни резултати.
Доброто чувство ќе го понесете со вас.
+389 2 3130 154
+389 70 598 268
понеделник – петок 12-19 часот сабота 10-15 часот
stratum.centar@gmail.com
Ристо Шишков 34 (Градски Парк) 1000 Скопје, МK